Осамнува неделното утро
Епа, се разбудив во неделата наутро
не знаејќи како да ја држам главата, а да не ме боли.
И пивото што го испив за појадок не беше лошо,
па се напив уште едно за десерт.
Потоа, почнав да пребарувам по алиштата
и ја најдов мојата најчиста валкана маица.
Потоа си го измив лицето, ја исчешлав косата
и се истетеравив по скалите за да го пречекам денот.
Си ги имав зачадено мислите претходната вечер
со цигарите и песните кои ги одбирав.
Но, ја запалив првата и гледав еден клинец
како си игра со конзервата што ја шутираше.
Потоа се прошетав по улицата
и го почувствував неделниот мирис на нечие печено пиле.
Ооо Боже, како ме наврати на нешто што го имав загубено
некаде, некако, со текот на времето.
На утринската неделна прошетка
посакувам, Боже, да бев скаменет.
Бидејќи има нешто кај неделата
што предизвикува осаменост.
И нема ништо помалку од умирањето
што е барем половина поосамено од звукот
на тротоарот на градот што спие
и на осамнувањето на неделното утро.
Во паркот видов еден татко
со едно насмеано девојче кое тој го лулаше.
И застанав покрај едно неделно училиште
и ги слушав песните кои ги пееја.
Потоа тргнав по улицата,
и некаде во далечината слушнав како ѕвони осамено ѕвонче,
и ечеше низ кањонот
како вчерашните соништа кои исчезнуваа.